Според последната анкета на YouGov, што точно ги предвиде резултатите во 2017, британските конзервативци предводени од Борис Џонсон убедливо ќе победат на изборите на 12. декември.
Конзервативците се предвидува дека ќе освојат 359 места од вкупно 650, додека на изборите пред две години освоија 317 места, според анкетата на фирмата за истражување на јавното мислење „YouGov“.
Скринингот за изборите годинава „сугерира дека конзервативците ќе го освојат мнозинството“, рече Ентони Велс, директор за политички и социјални истражувања во YouGov.
Џонсон вети дека Брегзит ќе се случи на 31 јануари доколку победи на изборите.
Според истата анкета, Лабуристичката партија добива 211 место, додека на последните избори тие освоија 262.
Шкотската национална партија (СНП) добива 43, либерално-демократската партија 13 и партијата „Брегзит“, која не се натпреварува во областите каде конзервативците ги освоија последните избори, нула.
Велика Британија е поделена на 650 изборни единици, при што релативниот победник во изборна единица го зема мандатот.
По последните избори, конзервативците требаше да се потпрат на поддршката на Демократската унионистичка партија (ДУП) затоа што тие сами немаа мнозинство.