Според анкетата спроведена од Аbcnews, 86% од Американците веруваат дека Бајден (81) е премногу стар за да одработи уште еден претседателски мандат.
59% од Американците сметаат дека и Бајден и Трамп (77) се премногу стари за улогата на претседател, а 27% сметаат дека само Бајден е премногу стар.
Голема е разликата во тоа како партиите гледаат на своите кандидати.
73% од демократите сметаат дека Бајден е премногу стар за да биде претседател, додека само 35% од републиканците сметаат дека Трамп е премногу стар за таа улога.
91% од неопределените гласачи сметаат дека Бајден е премногу стар за да биде претседател, а 71% го мислат истото за Трамп.
Загриженоста на Американците за стареењето на претседателските кандидати е значително зголемена по последната ваква анкета спроведена во септември.