Мнозинството Израелци поддржуваат држење до сегашниот договор со Хамас за да се обезбеди ослободување на преостанатите заложници, наместо да се продолжи војната против Хамас, според анкетата објавена од јавниот радиодифузен сервис Кан.
Во истражувањето учествувале 600 испитаници, а прашањето било:
„Дали треба да продолжиме со втората фаза од договорот и да ја завршиме војната или да се вратиме на борбите сега без да обезбедиме ослободување на сите заложници?
Од анкетираните, 61 отсто рекле дека Израел треба да продолжи со втората фаза, 18 отсто рекле дека Израел треба да се врати во војна, а 21 отсто рекле дека не се сигурни.
Инаку, Хамас денеска ќе врати тројца заложници во Израел, како што тоа вообичаено го правеше на неделно ниво од почетокот на првата фаза од прекинот на огнот.
Сепак, ова сигурно нема да го задоволи американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно се закани дека ќе ги врати сите заложници до сабота попладне.
„Што се однесува до мене, ако заложниците не бидат вратени до 12 часот во сабота, што мислам дека е доволно време. Би рекол дека треба да откажат сè и да го остават пеколот да пукне. Мислам дека треба да бидат вратени до 12 часот во сабота“, рече Трамп.
Нетанјаху по изјавата на Трамп рече: „Ако Хамас не ги врати нашите заложници до сабота напладне, прекинот на огнот ќе биде прекинат, а ИД ќе се врати во интензивни борби додека Хамас конечно не биде поразен“.
Така, Нетанјаху директно не кажа дека очекува до сабота попладне да бидат ослободени сите заложници.