Анкета: Расте поддршката од македонските граѓаните за евроинтеграциите

by fokus

Како што наближува денот на референдумот, поддршката за членството на Македонија во ЕУ и НАТО е во постојан раст – ова го покажуваат податоците на новата анкета на агенцијата Рејтинг, спроведена по барање на 1ТВ. Над 78 отсто од испитаниците рекле дека ги поддржуваат евроатлантските интеграции, што претставува највисока поддршка за последната половина година, кога беше потпишан преспанскиот Договор, кога околу 66 отсто од граѓаните ги поддржале ЕУ интеграциите.

Што се однесува до конечната спогодба со Грција, речиси половината од прашаните граѓани, 48.6 проценти одговориле дека не можело да се постигне подобар договор во иднина, додека пак 33.2 отсто веруваат дека во иднина може да се постигне подобро решение.

Нешто повеќе од половина, или речиси 53 проценти од граѓаните, според ова испитување, сметаат дека Македонија се движи во правилна насока, додека пак една третина или 34% не го делат нивното мислење. 10ина отсто од испитаниците пак сметаат дека земјава е во статус кво, односно не се движи ниту во правилна ниту во погрешна насока.

Мнозинството граѓаните смета дека референдумското прашање е јасно и недвосмислено. Со ова тврдење се согласуваат 57,1% од испитаниците, додека не се согласуваат 32,9%. Останатите не биле сигурни или одбиле да дадат одговор.

 

Поврзани новости