Во емисијата „Објектив“ на МРТ беа презентирани резултати од анкетата на ИПИС направена пред претстојните парламентарни избори закажани за 8. мај.
Во изборната единица 3, огромна предност во рејтингот има ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата покажува дека за оваа партија се изјасниле 32,8% од испитаниците.
За владејачката СДСМ ќе гласаат 14,8% од гласачите во ИЕ 3, покажува анкетата.
Партијата Левица добила поддршка од 3,9% од учесниците во истражувањето, а за партијата ЗНАМ се изјасниле 3,5%.
21% од испитаниците рекле дека не сакаат да кажат за кого ќе гласаат.
Најголема доверба ВМРО-ДПМНЕ ужива и меѓу гласачите во изборна единица 4, покажува анкетата.
Вкупно 30,4% од учесниците во анкетата рекле дека на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 16,9% својот глас ќе го дадат за СДСМ.
Во ИЕ 4 за Левица се изјасниле дека ќе гласаат 3,7%, а за партијата ЗНАМ 2,6% од испитаниците.