Анкета на „Трн.мк“ – Треба да се замрзне цената на храната, не на училишниот прибор

by Fokus

Наместо да се замрзнува цената на моливите, боиците и училишниот прибор владата треба да размислува за замрзнување на цената на храната за јадење, нешто што повеќе го користат децата, велат дел од граѓаните во анкетата „Внимание, внимание“ што ја објави порталот „Трн.мк“.

Други коментираат дека ваквото замрзнување на цените е шега за мали деца и иронично одговараат дека тоа им е најпотребно во моментов.

Според една од анкетираните, квалитетното образование е поважно од замрзнатите цени на моливите.

-Владата треба да се фокусира на тоа што пишува во учебниците и децата да добијат квалитетно образование, вели една од испитаничките

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, која се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите.

На самиот старт на учебната година, владата објави дека ги замрзнува цените на училишниот прибор.

Поврзани новости