590
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има рејтинг од 23, 5 отсто, а Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 21,9 проценти, покажала анкетата на Телма , спроведена од „М-Проспект“. Според ова испитување на јавното мислење, 6,4 отсто од испитаниците се определиле за ДУИ, а 5 отсто за Алијансата на Албанците и Алтернатива.
„ВМРО ДПМНЕ има предност од 3 отсто само кај македонските гласачи, но на ниво на држава со гласовите на Албанците и другите етнички заедници коалицијата на СДСМ има предност од 1,6 процентни поени, што е скоро занемарлива и е во рамките на статистичката грешка на анкетата“, објави Телма, врз основа на резултатите од анкетата на „М-Проспект“.