Анкета на “Стратум”: СДСМ води за 2,3% пред ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Анкетата на агенцијата „Стратум“ на една недела пред локалните избори покажува дека изборната битка ќе биде неизвесна, но СДСМ е во благо водство пред ВМРО-ДПМНЕ. Од оние што се изјасниле дека ќе излезат на изборите рејтингот на СДСМ е 26,1 а за ВМРО-ДПМНЕ 23,8 отсто.

За третото место има три изедначени актери – ДУИ со 11,64, па Алијансата за Албанците со 11,49 и независните листи со дури 11,2 проценти. Левица заостанува со 6,7 отсто поддршка, а за Беса се изјасниле 2,87 отсто од анкетираните.

Слична е и ситуацијата во одговорите за кои советнички листи би гласале. Во овој сегмент СДСМ има поддршка од 20,1, а ВМРО-ДПМНЕ 18,3 отсто. И тука битката за третото место е изедначена – за ДУИ 9, за Алијансата за Албанците 8,6 и за независните листи 9,6. Поддршката за Левица е 5,2, а за Беса 2,2 отсто.

Во анкетата се правени и истражувања за состојбата на домаќинствата, очекувањата за наредните 12 месеци и финансиската состојба. Анкетата е правена со директни интервјуа во 1.200 домаќинства. Грешката на примерокот е +/-3,4 отсто.

Поврзани новости