Анкета на НДИ: СДСМ има предност од 3,6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

СДСМ и БЕСА со коалицијата имаат 3,6 отсто предност пред ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, покажува анкетата на американскиот Национален демократски институт.

Според анкетата 24,8 % од испитаниците кажале дека ќе ја подржат коалицијата „Можеме“, 21,2 % ќе гласаат за коалицијата „Обнова за Македонија“.

ДУИ води со 7,2% пред коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за која ќе гласаат 5,7%. 16,5% од луѓето кажале дека нема да гласаат, 9,5 одбиле да одговорат а 9% не знаат.

Поврзани новости