810
Лидерот на СДСМ Зоран Заев има предност од 3,8 процентни поени пред неговиот ривал од ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, покажува анкетата на „М-Проспект“ што вечерва ја објави Телма.
Поточно, доверба во Заев изразиле 18,8 отсто од испитаниците, во Мицкоски 15 проценти, додека на трето место е лидерот на ДУИ Али Ахмети со 7,4 проценти.
Притоа, цели 36,1 отсто од испитаниците кажале дека немаат доверба во ниту еден политичар.
Што се однесува до партиските рејтинзи, анкетата покажала дека коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има рејтинг од 23,5 отсто, Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 21,9 проценти, ДУИ од 6,4 отсто, Алијансата на Албанците и Алтернатива од 5 отсто…