Анкета на ИПДВ: Ќе има помалку пратеници Албанци, 4 отсто Албанци ќе гласаат за СДСМ

by Fokus 13:20
13:20

Резултатите на анкетата за рејтингот на албанските политички партии потврдуваат дека апсолутен победник нема да има на изборите на 11 декември, се забележува опаѓање на рејтингот на ДУИ. На овие избори изненадување ќе биде БЕСА, кај која што има покачување на рејтингот во споредба од пред шест месеци. Може да се констатира дека бројот на пратениците Албанци ќе се намали, затоа што релевантен процент на Албанци ќе гласаат за СДСМ, покажува анкетата на Институтот за истражување на политики и добро владеење (ИПДВ), кој во текот на минатиот шестмесечен период го следел јавното мислење и реализирал истражување во однос на темите кои се поврзани со политичката криза, како и за рејтинзите на албанските политички партии.

Истражувањето е направено телефонски со 1100 анкетирани граѓани.

- Advertisements -

На прашањето, за која од овие политички партии ќе гласате ако се одржат изборите на 11 декември, еве ги одговорите на анкетираните: за ДУИ – 13.4 отсто, а Беса – 10, 2 отсто, за ДПА – 6.3 проценти, за ДР-ДПА – 5 отсто, за НДП – Весел Мемеди – 1.3 отсто, за НДП-Фадил Зендели – 1,9, за Унитети – 0,8 отсто и за СДСМ – 4 проценти од испитаниците.

Поврзани новости