622
Веќе пет дена откако е отворен Саемот на книга во „Борис Трајковски“, а оваа година новина е книгата на екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, насловена како „Искуства за иднината“ од Издравачката куќа „Ѓурѓа“.
Тоа е всушност негов докторски труд, што наиде на разочарување кај најголем дел од испитаниците, во анкетата што ја спроведе Фокус во Вип Арената „Борис Трајковски“.
Од 50 испитаници во анкетата, само 10 од нив би сакале да ја купат книгата на Никола Груевски, додека пак останатите 40 одговорија категорично „не“, надополнувајќи дека „нема што да се прочита од таков човек“.
Книгата на екс-премиерот е со две цени: 500 денари за примерок со тврда корица, и 300 денари со мека корица.
Јорданчо Цветаноски