Анкета на Брима Галуп: СДСМ е во водство, најголема доверба граѓаните имаат во Заев

by Fokus

Според анкетата на агенцијата Брима Галуп владејачката партија СДСМ е во водство. На прашањето „Доколку се одржат парламентарни избори денес, за која политичка партија или коалиција ќе гласате?“, 18,7 отсто од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1 отсто од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следна е ДУИ која добила 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%.

Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на коалицијата која ја предводи Зоран Заев.

Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6. На анкетата, 16,1 отсто од граѓаните се изјасниле дека нема да гласаат, 9,3 одбиле да одговорат, 11,2 неодлучни гласачи.

Во однос на политичарите, за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп, со најголема доверба од граѓаните останува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба.

На второ место, по Заев, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кого најголема доверба имаат 4.2%

Поврзани новости