861
Претседателскиот кандидатот на демократите, Џо Бајден, води пред актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат Доналд Трамп со 55 отсто спрема 43, покажува анкетата која вчера ја објавија Еј-би-си њуз и на весникот „Вашингтон Пост“
Според анализата на Си-ен-ен, Бајден е доминантен во кампањата во однос на неговиот ривал и има забележлива предност, но Трамп се уште има шанси за победа.
Анализата на предизборните анкети покажува и дека Бајден, во овој момент, е во подобра позиција од кој било претседателски кандидат од 1936 година досега, откако почнаа да се спроведуваат анкети врз база на нова научна методологија на истражување на јавното мислење.