Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета за ставовите на граѓаните за нивната поддршка на политичките партии и политичарите, како и за одредени актуелни прашања во моментов.
На прашањето дали Владата, предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот на мандатот во 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори, 39,1 отсто се определиле за предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека треба да остане на власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“.
Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, поради што сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.