Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден од силни поплави, а властите предупредуваат на дополнителни врнежи.
Главните сообраќајници во Анкара се претворија во вистински реки, а силен дожд паѓа низ централна Турција.
Поплавени се продавници и подруми на куќи.
Ankara’da yağan yağmur esnasında çekilen bir fotoğraf pic.twitter.com/OgPaekqfig
— Ankara (@ankaraamizah) May 1, 2024
Поплавите го нарушија и нормалното функционирање на метрото во Анкара, соопштија вчера вечерта властите, додавајќи дека поради безбедносни причини, електричната енергија е исклучена на одредени линии на метрото.
Денеска се работи на повторно воспоставување на градскиот превоз.
Турската метеоролошка служба предупреди на продолжување на понатамошните обилни врнежи во Анкара и другите делови на Анадолија.
Невреме се очекува и над Црното Море.