Ѕвездата на „Пријатеи“, Џенифер Анистон во интервју за магазинот „Allure“, искрено проговори за нејзините многубројни обиди да има дете преку медицински потпомогнато оплодување и кажа дека жали што не замрзнала јајце клетки.
Џенифер Анистон, која беше пет години во брак со Бред Пит во минатото спомнуваше дека се борела со неплодност, но ова е првпат да зборува за обидите за асистирана репродукција.
Џенифер на насловната страница на магазинот „Allure“ се појавува во минијатурен градник од модната куќа Шанел, а освен физички, познатата актерка се соблече и емотивно, признавајќи дека навистина сакала дете, но безуспешно. Анистон рекла дека пробала се за да забремени и била подложена на медицински потпомогнато оплодување, а пиела и кинески чаеви кои наводно ја зголемуваат плодноста.
Таа, исто така, ги демантираше шпекулациите дека поранешните сопрузи ја оставиле затоа што не сакала да им даде дете, велејќи дека се целосно лажни, но горко жали што не ги замрзнала јајцата кога била помлада. Таа нагласи дека постојаните гласини за нејзините љубовни врски уште повеќе ја отежнуваат борбата со неплодноста.
-Се обидував да забременам. Тоа беше предизвикувачко патување за мене, обидот да забременам. Сите тие години и години на шпекулации… Беше навистина тешко. Поминав низ процесот на медицинско потпомогнато оплодување, пиев кинески чаеви, пробав апсолутно сè, изјави за „Allure“ Џенифер Анистон за нејзината борба да стане мајка.
Таа жали што никој не и рекол да ги замрзне јајце клетките кога била помлада и дека сега се помирила со фактот дека никогаш нема да забремени.
-Би дала сè некој да ми кажеше „замрзнете ги јајцата, направете си услуга“. Вие едноставно не размислувате за тоа. Сè уште сум таму каде што сум денес. Таа бројка исплива, признала актерката.
Ѕвездата од серијата „Пријатели“, во која глумеше десет години, од 1994 до 2004 година, исто така искрено зборуваше за тоа како била премногу фокусирана на кариерата без да размислува за фактот дека еден ден можеби ќе сака да се смири и да има деца, а погледна наназад и на постојаните критики од јавноста дека не забременила за време на нејзиниот петгодишен брак со Бред Пит.
-Се грижев само за мојата кариера. И не дај боже жената да биде успешна и да нема дете. А причината зошто мојот сопруг ме остави, зошто се разделивме и го прекинавме бракот, беше тоа што не сакав да му дадам дете. Тоа беа целосни лаги. Во овој момент немам што да кријам, отворено изјави Анистон.