Aнима мунди: Група мажи играат околу врзано јагне ставено на маса

by Fokus
Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ на својот фејсбук профил објави видео на кое се гледа како неколку мажи играат околу јагне ставено на маса со врзани нозе.

-Со заврзани нозе, маневрираат со него како со предмет а не живо битие што трпи болка и страв, му нанесуваат непотребен стрес група на мажи меѓу кои седи инспектор за заштита на благосостојбата на животните во пе берово од Агенцијата за храна и ветерина.Нашето здружение ке поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор зашто е неспособен, неадекватен и очигледно психички нестабилен за да биде државен службеник а уште помалку некој што треба да заштити животно во невоља судејќи по видеото во прилог. Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити но го измачува!Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат?Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање?, прашуваат од „Анима мунди“.

Од здружението најавуваат дека ќе поднесат пријава до сите надлежни институции против наведениот инспектор.

Поврзани новости