Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на денешната прес-конференција, ги поздрави зголемените инвестиции во Македонија во 2018 година.
„За сите што гледаат црнила, денеска имаме сончев ден. Рекордни 624 милиони евра. Во 2018 во Македонија има странски инвестиции за 276 отсто поголеми од изминатите години. Овие бројки кажуваат се и се одговор на сите критики. Претходно видовме многу лопати, маркетинг, многу промотори, ама бројките се тие што ги покажуваат дијаграмите. Сега со посветеност со јасна визија и посветено работење на индустријализацијата, бројките се 276 над просекот од претходните осум години. Ова кажува дека Владата на Заев има јасна визија за индустријализација на државата и за креирање на добро платени работни места. Зборуваме за компании од технолошки развиен свет кои ќе креираат по неколку стотини работни мести. Да ги замолиме младите за трпение и верувам дека ќе останат во државата. Овие бројки се резултат на посветеното работење на економскиот тим“, истакна Анѓушев.