Анѓушев се повлече од управувачката структура на компаниите во негова сопственост

by fokus

Кочо Анѓушев најави дека за време на неговиот мандат како вицепремиер ќе се тргне од управувачката структура на неговите компании, и ќе назначи нов менаџмент.

Тој се тргна од управувачката структура на две компании на кои е сопственик, објави порталот еМагазин.

Анѓушев се повлече од управувачката структура на ЕДС „Фероинвест“, а направи и промена на сопственоста во ЕДС, како и од Друштвото за производство, трговија и услуги Мали хидро електрани „Летнички извори“ и Друштво за производство, трговија и услуги МХЕ „Горно-Белички извори“.

За нов управител на двете друштва е назначен Никола Гравчев.

 

 

Поврзани новости