Анѓушев му понудил оставка на премиерот Заев

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на 1 ТВ индиректно потврди дека вицепремиерот Кочо Анѓушев му ја понудил својата оставка откако во јавноста беше критикуван бидејќи неговата компанија Брако добила тендер од 39 илјади евра.

На прашањето дали се вистинити информациите дека Анѓушев му понудил оставка, Заев одговори:

-Јас сум среќен што моите министери и функционери кога има напади или обвинувања кон нив зборуваат за повлекување. Луѓето не се венчани за функцијата. Не можам да прифатам одговорност на Анѓушев да биде симнат, затоа што некој комерцијалист во фирмата каде тој има удел решил да потпише апликација.

Поврзани новости