556
Во Скопје денеска официјално беше отворен конзулатот на Малта во Македонија, а Кочо Анѓушев е именуван за почесен конзул со указ на претседателот на Малта, Џорџ Вела. Именувањето на Анѓушев е одобрено од Владата на Малта, а соодветни одобрувања се дадени и од страна на македонската Влада.
„Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460 илјади население, е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување пред сѐ на економските активности – изјави Анѓушев по повод отворањето на канцеларијата на конзулатот.