Заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со претставниците на синдикатот на вработените во Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес.
Вицепремиерот Анѓушев ги ислушал барањата на вработените од Колска и им дал ветување дека Владата ќе работи да го надмине проблемот, а вработените да ги добијат своите примања.
-Проблемите на вработените во Фабриката за шински возила Колска не се од вчера, всушност овие проблеми се со подолг рок и се влечат веќе со години. Владата ќе го реши проблемот и вработените ќе добијат плата. Но во исто време целта на Владата е да се најде трајно и системско решение, со кое фабриката ќе има работа, а вработените навремено ќе ги добиваат своите примања, како и социјално и зравствено осигурување – потенцираше вицепремиерот.
Вработените во офаа фабрика со години излегуваа на штрајк и ги напуштаа работните места затоа што по неколку месеци не добиваат плата.