Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги повика косопствениците на компанија каде е малцински сопственик – Каст Инвест, која доби грант од Фондот за иновации во висина од 160.000 евра, да ја преиспитаат одлуката за аплицирање и да се повлечат.
– Планот за економски раст е модел врз кој се темели владината економска политика за раст и развој на компаниите на кои им се обезбедувааат еднакви услови и фер третман за сите. Не смееме да дозволиме да се фрли каква било дамка на целиот процес кој патем е кристално чист – транспарентни кртериуми, јасно дефинирани услови и фер шанса за сите кои ги исполнуваат – тоа се принципите врз кои ја градевме програмата за економски раст. Јас сум длабоко убеден дека економија изградена на поддршка на компании кои се развиваат е успешна економја која нуди повисоки плати и подобар животен стандард за граѓаните – изјави Анѓушев за МИА.
Тој нагласи дека е делумно сопственик на повеќе фирми во Република Македонија кои вработуваат вкупно над 1.000 луѓе.
– Сите компании во кои имам сопственички удел самостојно растат, се развиваат и извезуваат готови производи на пазарите во ЕУ и САД со што повеќекратно придонесуваат во вкупниот БДП на земјава. Сето ова е пријавено уредно во анкетниот лист. Согласно законот, откако стапив на фукција вицепремиер го испочитував во целост се откажав од управувачите функции во компаниите и како што ветив ја продадов ЕДС – вели Анѓушев.
Но, тој додава дека не може да биде пречка врз самостојниот развој на компании каде има сопственички уддел и да влијае врз одлуките што ги носат доминатните сопственици.
-Не гледам причина зошто вработените во компаниите во кои имам удел, поради мојата функција треба да бидат дискриминирани. Сепак, поради настанатата ерозија на вредностите и искривента перцепција која се има акумулирано во последните 10 години во услови на нетранспарентно управување и владеење јавноста е разбирливо сензитивна. Со оглед на тоа ги повикав моите колеги косопственици да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат – потенцира Анѓушев.