Политички гледано, ниту во СДСМ не го знаеле Таче пред да стане заменик министер за финансии, а богами ни тогаш. Беше доведен на претседателска функција на СДСМ, а со тоа и на премиерска, од Заев преку ноќ и се катапултираше во висока политика. И сето тоа без да излезе на избори и да бара поддршка или одобрување од граѓаните. И после летал во облаци, епа лета.
Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ
Ако некој сметаше дека Зокита Заев е слаб на англиски, тој се уште не го слушнал неговиот наследник Димитар Ковачевски Таче. Ја имавме таа чест и задоволство да го чуеме Таче како беседи на broken English. “To solve problems you need ratio and balls”, рече Таче и остана жив! Забога некој лингвист првенствено нека му објасни дека ratio на англиски не значи рацио, а потоа некој ПР експерт нека му ја залепи една додека не се добрукал.
Пред речиси една недела, од Виена, на лош Англиски Таче појаснуваше како се надминувале предизвиците. Сакаше да каже со разум и храброст, лупна со сооднос и мадиња. Харвард е тоа, нема заебанција! Шегата настрана, треба да се има сериозен недостаток на сенс, и одговорност кон функцијата која за жал ја има. Да беше пред се политички образован ќе знаеше дека МАДИЊА е срамен збор кој еден премиер не би смеел да си дозволи јавно да го употреби.
Не е невообичаено да се лета со паметот и да се себе залажувате со лажна величина, особено кога сте на функција која ни оддалеку не ја заслужувате. Таче е роден на функциија, октроиран како директор во државна корпорација, која сите знаеме како помина во приватни раце, каде си продолжи на истата функција.
Политички гледано, ниту во СДСМ не го знаеле Таче пред да стане заменик министер за финансии, а богами ни тогаш. Беше доведен на претседателска функција на СДСМ, а со тоа и на премиерска, од Заев преку ноќ и се катапултираше во висока политика. И сето тоа без да излезе на избори и да бара поддршка или одобрување од граѓаните. И после летал во облаци, епа лета.
Знае ли било кој да ми каже некакво, ама било какво достигнување на Димитар Ковачевски пред да стане премиер? Ништо, нула. Заев бар успешно фураше прикаска за успешен земјоделец милионер. А и откако стана премиер не ја гледам неговата особено успешна улога. Но затоа е полн со себе, имал човекот ташаци!
Покрај што има ташаци премиерот има мерак и на сериозен кеш. Последниот ултра криминален договор со Бехтел и Енка е еклатантен пример за корупција кој фоговор е форсиран од страна на двоецот Ковачевски-Груби или Груби-Ковачевски како сакате. Свесен е Таче дека власт повеќе ни на сон нема да види, па гледа да награба колку може веројатно поучен од Мијалков- пара буши где бургија нече. Ќе си се натовари кеш, па ке избега да паламуди одПешта или ке си седи тука и ќе му ги усвојуваат сите жалби.
Само се молам да не мора да го трпиме уште со својата надменост и шуплива умислена супериорност по малите екрани. Оти ташациве ми ги потече. Balls-от де!