Ли Карсли (50) ќе биде привремен тренер на англиската фудбалска репрезентација.
Англичаните се уште бараат наследник на Герет Саутгејт, кој си замина по поразот во финалето на ЕП, а сега најдоа привремено решение и таа функција му ја препуштија на селекторот на репрезентацијата до 21 година.
Англиската ФА објави дека Карсли ќе ја води репрезентацијата во натпреварите од Лигата на нации во септември, но планот е да остане селектор во текот на целата есен, односно додека трае процесот за изнаоѓање трајно решение.
Карсли е поранешен репрезентативец на Ирска, а целата играчка кариера ја мина во англиските клубови. Играше за Дерби, Блекбурн, Ковентри, Евертон и Бирмингем.
Во својата тренерска кариера кратки периоди ги водеше Ковентри, Брентфорд и Бирмингем, а во англискиот репрезентативен систем е од 2020 годинЕдна година беше селектор на репрезентацијата до 20 години, а од 2021 година ја предводи селекцијата У-21.