Англија го потврди планот за забрана на мобилни телефони во училиштата

by Fokus

Англиски министри потврдија дека планираат да ја забранат употребата на мобилни телефони во училиштата. Објавија упатства за директорите, пренесува Гардијан.

Упатствата им дозволуваат на училиштата различни начини да ја спроведат забраната, вклучувајќи опции кои се движат од учениците да ги остават мобилните телефони дома, да ги чуваат во шкафчиња или да ги остават исклучени.

Според Ofcom, 97% од 12-годишните ученици имаат паметен телефон. Паметните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците, а поради нивната распространетост, децата кои ги немаат може да бидат малтретирани, што врши притисок врз родителите, пишува Гардијан.

„Училиштата се места каде што децата учат, а мобилните телефони само го одвлекуваат вниманието. На наставниците им даваме алатка за подобрување на однесувањето на учениците, што ќе ја олесни наставата“ рече Џилијан Киган, секретар за образование.

Во упатствата за наставниците е објаснето дека на учениците треба јасно да им се презентираат правилата за мобилни телефони, како и причините поради кои се воведуваат. Исто така, се додава дека учениците не треба да ги гледаат ниту наставниците со мобилни телефони, освен ако не им се потребни за работа.

Поврзани новости