Англија е шампион на Европа

by Fokus

Младата фудбалска репрезентација на Англија за играчи до 21 година  ја освои титулата европски првак, откако во финалето во Батуми, Грузија ја совлада Шпанија со 1:0 .
Стрелец на единствениот гол беше Куртис Џонс во  продолжението од првото полувреме, а херој беше голманот Џејмс Трафорд, кој го спаси голот од капитенот на Шпанија Абел Руиз од ВАР пенал во продолжението од второто  полувреме.

Англичаните испишаа историја бидејќи ја освоија титулата без примен гол.

Ова е нивна трета титула севкупно, а прва од 1984 година.

Поврзани новости