Ангеловски за мечот со Косово: Одложете го натпреварот, здравјето на луѓето е најважно!

by fokus

Откако министерот за здравство, Венко Филипче вчера информираше дека се забрануваат сите спортски настани во наредните 30 дена, јасно беше дека мечот Македонија- Косово е под знак прашалник. Од ФФМ најавија дека ќе побараат одложување на натпреварот.

Селекторот на нашата селекција, Игор Ангеловски преку својот профил на Фејсбук порача дека пред се, здравјето е најважно.

„Или нека биде фудбалски спектакл или не правете “спектакли”!
Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас. Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа. Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот. Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати“, истакна Ангеловски.

Поврзани новости