509
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ќе почне со офанзивен состав на денешниот дуел со Холандија во последниот настап на „црвено-жолтите“ на ЕВРО 2020.
Во формацијата 4-2-3-1, на голот ќе биде Столе Димитриевски, во последната одбранбена линија се Дарко Велковски и Висар Муслиу, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски ќе бидат на бековските позиции, последни играчи за врска ќе бидат Аријан Адеми и Енис Барди, Елиф Елмас плеј, Иван Тричковски, Александар Трајковски и Горан Пандев ќе бидат во нападот.
Средбата е од третото коло во Ц-групата и ќе се игра од 18 часот во Амстердам.
Фото: ФФМ