570
Во изминатите неколку дена беа потпалувани контејнери на регионот на град Скопје, што наиде на голем револт кај граѓаните.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски кратко порача дека работат за расчистување на случајот.
„МВР има поднесено 19 кривични пријави против сторители за предизвикување на пожар во 2019 година. Што се однесува до потпалувањето на контејнерите, преземаме мерки и работиме на расчистување на тој случај“, изјави Ангеловски за „Фокус“.
Во изминатиот период во Македонија повторно беа активни пожари на повеќе места, уништувајќи многу шума и зеленило.
Ј.Ц.