Идејата за Трн.мк постои одамна и недостасуваше ваков медиум којшто ќе таргетира млади луѓе, бидејќи младите реално се занемарени. Освен младите, таргетирани се и маргинализираните заедници, како што се Ромите, ЛГБТ, канабис права. Трн.мк е либерален медиум во секоја смисла на зборот. Главната работа е дека не дискриминираме никого. Се роди потребата и функционираме година и нешто. Бројките покажуваат дека сме направиле правилен потег, рече Ангел Ангеловски, активист на Билка и продуцент на Трн.мк во однос на импресиите од фестивалот Мери Џејн во Берлин, во интервју на Слободен печат.
Во однос на прашањето од каде ги црпи идеите овој медиум, тој одговори дека тимот на Трн.мк постојано работи на изнаоѓање на нови и свежи идеи и содржини.
-Тимот што работи во Трн.мк прифаќаат теми и сугестии, се работи брејнсторминг на нови идеи. Сакаме постојано да сме свежи. Од септември можат да се очекуваат нови, свежи содржини што ќе боцкаат уште посилно. Не би откривал ништо повеќе, бидејќи идеите се уште се во зародиш и се работи – заклучи Ангеловски.