Игор Ангеловски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на 26 фудбалери за настап на Европското првенство, на кое нашата земја за прв пат ќе игра во историјата.
Меѓу избраниците на популарниот Мрме очекувано поради повреда не се најде напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски, а повикан е Милан Ристовски од словачкиот клуб Спартак Трнава и талентираниот Дарко Чурлинов од редовите на бундеслигашот Штутгарт.
Македонија на континенталниот собир во својата група ќе игра против Австрија на 13 јуни, Украина на 17 јуни и Холандија ќе игра на 21. јуни. Во продолжение списокот на повикани играчи за Евро 2020:
Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Ристе Јанков (Работнички).
Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Дарко Велковски (Риека, Хрватска), Езџан Алиоски (Лидс јунајтед, Англија).
Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Бобан Николов (Лече, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија), Ељиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Марјан Радески (Академија Пандев).
Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција), Крсте Велковски (Сараево, Босна и Херцеговина), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка).
Фото: Перо Стојановски