Ангеловски: Губевме од Андора, но сега станавме тим!

by Fokus

Се промени менталитетот на тимот. Стигнавме до точка да губиме од Андора, бевме на многу ниско ниво, но ова се промени. Важна улога одигра враќањето на Горан Пандев, вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски

Во интервјуто за грчкиот спортски портал „Газета“, говорејќи за тајната на успехот и пласманот на нашата земја на Европското првенство, јави дописничката на МИА од Атина.

Додава дека беше создадена комбинација од млади и искусни играчи, „но потребен беше водач, нешто што го најдовме во лицето на Пандев, па така, тимот започна да се менува постепено“.

– Станавме тим во вистинска смисла на зборот, немаше проблеми меѓу нас. Обединети сме. Среќен сум што овој историски успех доаѓа на 30-годишнината од независноста на земјата, објаснува селекторот.

Поврзани новости