Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска ги соопшти имињата на фудбалерите на кои ќе смета на првите два натпревари од Лига на Нации.
„Црвено-жолтите“ на 6 септември се среќаваат со Гибралтар, три дена подоцна (9 септември) играат со Ерменија.
На списокот на селекторот Ангеловски се наоѓаат 18 фудбалери, но поради повреда неизвесен е настапот на Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Дарко Велковски (Ријека).
Повик од Ангеловски добија:
Голмани: Столе Димитриевски и Давид Митов Нилсон;
Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски и Мите Цикарски;
Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езџан Алиоски и Елиф Елмас;
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски и Иван Тричковски.
ФОТО – ФФМ