Третиот сет на мерки се таргетирани за да им помогнат на граѓаните и стопанството, а воедно се и системски решенија за надминување на некои системски проблеми како сивата економија, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на „Топ Тема“, во однос на платежните картички што ќе ги добијат 300.000 граѓани од социјални погодени категории.
-Како се случува сивата економија? Со плаќање во готово. Секоја земја веќе посегнува да се дигитализира, оди кон кешлес општество и безготовинско општество и тоа е таа визија која е прикажана и низ овој пакет. Кога 300.000 граѓани ќе добијат платежна картичка, средствата ќе се усмерат кон погодените сектори. Кога тие ќе почнат да плаќаат безготовински на одредени шифри на дејности, технологијата ни овозможува и идентификација средствата да завршат кај што треба – посочи Ангеловска.