546
Министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес-конференција порача дека оваа Влада има решение и за оние кои ја изгубиле работата поради корона-кризата.
„За транспарентноста на оваа Влада говорат сите активности. Дали е нормално да очекување на затворане работни места? Да, но оваа Влада има решение и за тие кои ќе го загубат работното место. Се работи на изготвување за реотварање на економијата, чекор по чекор. Формиран е тим кој работи со економските агенти. На сите ни недостига нормалниот живот, но треба многу внимателно да делуваме во оваа ситуација“, истакна Ангеловска.