543
Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил попладнево напиша дека значајно расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции со ковид пандемијата.
– Компаниите се адаптираат и отвараат нов продажен канал за полесен пристап до потрошувачите, справување со намалениот промет на физичките локации, како и зголемување на конкурентноста и пристап по поголем пазар, напиша Ангеловска.
Во март има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како во цела 2019 година.
Но, како што посочува Ангеловска, значајно расте и бројот на нерегистрирани продавачи поради што денеска заедно со УЈП, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора, Сојузот на стопански комори, Асоцијацијата за е-трговија и Агенцијата за пошти разговарале за она што може да се преземе веднаш како одговор во борбата против сивата економија во е-трговијата.