Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет, напиша министерката за финансии Нина Ангелоска на својот Фејсбук профил, објавувајќи дека извозот на заштитна опрема за април е зголемен за 300 отсто во споредба со лани.
-Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем во април споредено со април минатата година. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот, вели Ангеловска.
Најмногу заштитна опрема според вредноста извезена е во Германија, Катар, Холандија, Белгија и Австрија.
-Се шијат и извезуваат: маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300 отсто е зголемен извозот на други текстилни производи: април 2020- 390 милиони денари, април 2019- 135 милиони денари, истакнува Агеловска.