Ангеловска: Издадени над 100 илјади домашни платежни картички во вредност од девет милиони евра

by Fokus

Над 100.000 домашни платежни картички во вредност од девет милиони евра се издадени на граѓаните, објави министерката за финансии, Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Таа додава дека матичните броеви од граѓаните кои поднеле приговори се испратени до институциите што извршуваат проверка дали истите ги исполнуваат условите поставени во Уредбата.

-По извршените проверки ќе информираме за граѓаните чии приговори се прифатени и истите ќе бидат додадени на листата на граѓани на кои им следи поддршка и соодветно распределени во банките издавачи, наведува министерката.

Поврзани новости