Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска вели дека движењата на инфлацијата и на девизниот пазар се поволни. Според неа, неизвесноста сепак постои, а инфлацијата сѐ уште е над историскиот просек.
„Оттаму, поставеноста на монетарната политика на Народната банка, соодветно на монетарната политика на Европската централна банка, засега останува иста“, вели Ангеловска-Бежовска за „Блумберг Адрија“.
Таа додава дека идната поставеност на монетарната политика кај нас ќе зависи од инфлацијата, инфлациските очекувања и девизниот пазар, како и поставеноста на монетарната политика на Европската централна банка, бидејќи, како што вели таа, ние спроведуваме стратегија на одржување стабилен девизен курс во однос на еврото
„Доколку се задржат тековните поволни трендови, а изостанат некои ризици, тоа ќе остави простор за водење пофлексибилна монетарна политика“, истакна гувернерката.