Ангелов за пожарот во Тетово: Го локализираме пожарот од одделот со експлозивни материи!

by Fokus

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за пожарот кој избувна во Тетово, порача се обидуваат да го локализираат пожарот од делот со експлозивни материи.

„Сега работиме на детекција на воздухот. Состојбата во овој момент од аспект на отровност на гасови не е алармантна. Има зголемено ниво на ПМ честички, гаснењето со вода на ваков пожар директно од воздухот може да доведе до распламтување на пожарот. Побаравме по самата линија на пожарот да биде фрлена водата, односно пожарот да биде пресечен да не се пренесе во задниот дел каде што има садови со експлозивни материи, рече Ангелов.

Поврзани новости