Ангелов за Мицковски: Има надеж дека ВМРО-ДПМНЕ најпосле ќе тргне по пат на напредок

by fokus

Стојанче Ангелов упати честитки до новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и го пофали за неговите квалитети.

-Од она што од јавноста може да се дознае за неговата човечка димензија, за неговиот приватен и семеен живот, посебно за неговите професионални квалитети и кариера, има надеж дека ВМРО-ДПМНЕ најпосле ќе тргне по еден нов пат, пат на напредок, пат на помирување помеѓу македонскиот народ, пат на помирување помеѓу сите македонски граѓани, пат на модерна македонска држава. Но, за почеток, најпрво ќе треба да ги обедини, ако не сите, тогаш, најголемиот дел ВМРО-вци, и стари и нови, и поранешни и сегашни, и разочарани и задоволни, и оние кои го фалат но и оние кои го критикуваат. Нормално, некои од нив ќе треба да ги тргне што подалеку од партијата а за некои од нив ќе му помогне и законот. Законот ќе му помогне да се ослободи од некои од нив а со тоа да се ослободи и од нивното потенцијално штетно влијание. За крај, уште еднаш, честитки до д-р Христијан Мицкоски, новиот претседател на нашите политички противници, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости