Ангелов за кршењето ќерамиди: Од силна самодоверба си дозволувам такви работи

by Fokus

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов во гостувањето на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ говореше за неговата активност на социјалните мрежи, но и за кршењето ќерамиди со глава кое предизвика различни реакции кај јавноста.

„Од 2011 јас сум претседател на политичка партија. Од таа силна самодоверба си дозволувам да направам работи, коишто другите политичари кога би ги напрвиле, би изгледале смешни. Замислете претседателот на СДСМ, Зоран Заев да скрши пет ќерамиди. Јас верувам дека може, ако не пет, тогаш три. Јас си дозволувам такви работи“, истакна Ангелов.

Поврзани новости