347
Во пожар во куќа во кумановското село Кокошиње, загинал повозрасен човек за „Фокус“ потврди и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
За жал штотуку пристигна информација за починато возрасно лице во кумановското с. Кокошиње, најверојатно задушено од чад. Неговата сопруга била успешно евакуирана.“ , изјави Ангелов за „Фокус“.
Тој додаде дека во најскоро време ќе се објават сите детали за несреќниот случај.
И.М.