Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов честитката по повод Илинден ја искористи и да апелира до граѓаните да бидат внимателни за да не се предизвикуваат пожари.
-На денешен ден 1903 година македонските револуционери го запалиле Балканот создавајќи ја Крушевската Република, а 120 години подоцна, ние Македонците, заедно со сите останати македонски граѓани, должни сме да внимаваме да не ја запалиме нашата преубава татковина, Македонија. Политичарите – државнички, граѓаните – граѓански.
Затоа! Не палете оган, не правете скара и не фрлајте отпушоци низ преубавите македонски ливади и шуми! Да не дозволиме да изгори ниту парче македонска земја! Но, доколку забележите чад или оган на отворен простор, веднаш пријавете на 112! Вечна да е! Македонија. Честит Илинден, напиша тој на Фејсбук.