Ангелов: Власта платила 2 милиони евра за меѓуетнички судир?!

by Фокус 14:59
14:59

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов и денеска во 12 часот  со своите приврзаници и истомисленици  одржа  протест пред зградата на Македонската радио-телевизија, бидејќи јавниот сервис и понатаму ги игнорира аудио-снимките од телефонските разговори на властодршците кои што ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Ни случајно да не сте помислиле да ги апсите Заев, зашто ќе падне крв. Бараме техничка влада, одржување избори во нормална атмосфера, а потоа народот нека каже дали власта ќе биде Заев, Ангелов или Груевски. Не им се плашете, не се страшни. Народот треба да се ослободи од стравот, рече Ангелов.

- Advertisements -

Стојанче Ангелов во говорот пред МРТ кажа дека власта платила 2 милиони евра за да предизвика меѓуетнички судир, а за тоа да ги обвини него и лидерот на СДСМ, Заев.

– Некој во нашата држава направил монструозен план за меѓуетнички судир-имам информации дека се дадени 2 милиони евра на Албанци кои немаат врска со УЧК, кои се некои криминалци во Липковскиот регион. Нивната задача била да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или армијата и така да превизикаат меѓуетнички конфикт. Токму затоа се појави она монструозно соопштение потпишано од господинот Нетпрес дека Стојанче Ангелов и Зоран Заев подготвуваат крваво сценарио. Некој друг подготвувал такво сценарио, затоа излегоа со соопштение, наредните денови требаше да има ескалација, но тоа не им го дозволивме, рече Ангелов.

Тој уште еднаш истакна дека нема да дозволат некој да предизвика етнички конфликт.

-Доста беше омраза и убивање, сакаме да живееме како повеќето народи во Европа, нема да дозволиме да предизвикаат етнички конфликт. Нивната намера беше да го одвлечат вниманието а потоа да ги обвинат Заев и Англелов. Нивната намера е да ги уапсат Заев, но немаат храброст да го направат тоа. Можеби Заев грешел во минатото, можеби имаме различни ставови и сфаќања, но тој покажа голема храброст објавувајќи ги политичките бомби, рече Ангелов.

Ангелов кажа дека Македонија е во поголема економска криза и од конфиктот во 2001 година кога беа потрошени една милијарда марки.

-Нивното деветгодишно владеење не чини 5 милијарди евра кои треба нашите деца да ги враќаат. Додека ние гиневме, Груевски си купи неколку стана, а сега да глуми декаа скромно живее во своето старо станче. Груевски лично не потпиша бранителите да се обештетат, тој не ги потпиша решенијата за работа на Лавивите, не дозволи да биде одликуван ниту еден бранител од 2001 година, рече Ангелов.

Поврзани новости