9
Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, изрази сочуство до семејствата на загинатите, посочувајќи дека глетката во дискотеката била ужасна.
-Ужасна беше глетката која рано утрово ја затекнав во изгорената дискотека во Кочани. Всушност, ужас не е доволен збор. Не постои соодветен збор со кој можам да ја опишам оваа ужасна трагедија. Не можам да одберам ниту соодветен збор со кој ќе ја опишам тагата која ја чувствувам цел ден. Скршен од болка не можам да најдам ниту доволно силен збор со кој можам да го искажам моето сочувство кон сите кутри семејства кои ги загубија своите млади синови и ќерки.
Бог да ги прости починатите и нека им дава сила на нивните семејства, напиша Ангелов на фејсбук.