496
Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, смета дека францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив.
-Јас како поискусен политичар можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум сѐ додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди двотретинско мнозинство – рече Ангелов на Канал 5.
Тој е против внесување на Бугарите во Уставот, затоа што, според него, нивната бројка е минорна.
-Утре може ќе останат овде кај нас 2-3.000 Украинци, па може ќе треба и нив да ги внесеме – истакна Ангелов.