Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов смета дека шумите во земјава се палат намерно за потоа дрвата да се купат по поевтина цена. За елиминирање на овој евидентиран проблем, Ангелов посочи дека активно работат со државата во откривање на сторителите.
Тој информираше и за причините за пожарите, што за среќа оваа година ги нема во толкав размер и бројност како минатото лето.
„За жал тоа е човекот. Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат, и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат отпушоци од цигара, и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири. Исто така се палат шуми намерно за потоа дрвата да бидат поевтини. Затоа со државата работиме да го надминеме и овој проблем. Крадците палат шума за потоа да ја купат поевтино, рече Ангелов на 2ТВ 21“.